Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска е во Украина, а посетата ја започна со посета во Буча. Во Украина денеска беше и холандскиот министер за надворешни работи. Двете посети, според светските агенции беа ненајавени.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Буча стана синоним за обвинувања за руските воени злосторства, откако на улиците беа пронајдени десетици тела во цивилна облека.
Бербок, исто така, прошета низ градот за да добие слика за ситуацијата на теренот, а беше придружувана од украинската главна обвинителка Ирина Венедиктова.
Таа изјави дека одговорните за убиствата во Буча треба да се соочат со правдата.
„Тоа е она што им го должиме на жртвите. И овие жртви, можете да ги почувствувате овде, тие жртви можевме да бидеме ние“, рече таа.