База во Албанија поради Русија и Турција – Балканот повторно регион од значење за САД

пред 3 години

Соединетите Американски Држави најавија создавање база на американските специјални сили во Албанија.

Вашингтон се надева дека тоа ќе помогне да се спротивстави на влијанието на Москва на Балканот, како и да ги спречи Албанците премногу да се доближат до Турција, пишува угледниот американски портал Инсајдер.

Командата за специјални операции на САД во Европа на почетокот на јануари го објави формирањето на штаб на американските сили за специјални операции во Албанија.

Се очекува базата во Албанија да биде на ротирачка основа, односно да се користи само во одредени месеци од годината или кога е потребно и ќе се состои од само 10-15 специјалисти.

Share
Scroll to Top