Американскиот претседател Џо Бајден и индискиот премиер Нарендра Моди виртуелно се сретнаа за да разговараат за војната во Украина.
Разговорите се водеа додека САД бараат дополнителна помош од Индија за примена на економски притисок врз Русија.
Бајден ја поздрави хуманитарната помош што Индија досега и’ ја достави на Украина, додека Моди рече дека предложил одржување директни разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Моди додаде дека ја смета ситуацијата во Украина многу загрижувачка, како и дека веста за убиството на цивилите во Буча.