Блинкен: Украинците имаат план за континуитет на власта дури и ако Зеленски биде убиен

пред 3 години

Украинците имаат „план за континуитет на власта, што и да се случи“, дури и ако украинскиот претседател Володимир Зеленски биде убиен, изјави американскиот шеф на дипломатијата, Антони Блинкен како гостин на Си-Би-Ес.

„Украинците имаат планови за кои нема да зборувам или да навлегувам во детали, но идејата е да се обезбеди континуитет на власта што и да се случи. Нека остане така“, рече Блинкен, пофалувајќи го начинот на кој Зеленски ја води Украина низ кризата.

„Лидерството што го покажа Зеленски и целата негова влада е исклучително. Тие го отелотворија неверојатно храбриот украински народ“, рече Блинкен.

Share
Scroll to Top