Британски разузнавачки извештај: Русите се изненадени, принудени се на нова стратегија

пред 3 години

Министерството за одбрана на Велика Британија во својот најнов дневен билтен за бојното поле вели дека Кремљ досега не ги постигнал своите првични цели и е изненаден од обемот и интензитетот на отпорот на Украина.

Во последното ажурирање на разузнавачките информации, Министерството за одбрана на Велика Британија вели дека Русија била принудена да го промени својот оперативен пристап и сега спроведува стратегија за исцрпување.

„Ова најверојатно ќе вклучува неселективна употреба на огнена моќ, што ќе резултира со зголемување на цивилните жртви, уништување на украинската инфраструктура и интензивирање на хуманитарната криза“, се предупредува во извештајот.

Share
Scroll to Top