Бугарските пратеници денеска за премиер го избраа Кирил Петков, лидер на Партијата за континуирани промени (ПП).
За него гласаа 134 пратеници во 240-члениот парламент, пренесува Ројтерс.
Петков (41), претприемач образован на Харвард, вети нулта толеранција за корупцијата за да помогне во зајакнувањето на економскиот раст.
Партијата „Продолжуваме со промени“ победи на изборите на 14 ноември, но немаше мнозинство за формирање влада.
Подоцна беше постигнат договор за владејачка коалиција од четири партии.