Вархеји: Србија и Црна Гора солидно се движат на патот кон ЕУ

пред 4 години

Комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеjи, вели дека Србија и Црна Гора солидно се движи на патот кон пристапувањето во ЕУ.

Тој истакна дека регионалната соработка и добрососедските односи се неопходни за тој процес.

Одговарајќи на прашањето на екстремно десничарските пратеници во Европскиот парламент за можните последици по патот на Црна Гора кон ЕУ поради протерувањето на српскиот амбасадор Владимир Божовиќ, но и претходните проблеми со Законот за религија, Оливер Вархеји рече дека соработката во Балканот е од суштинско значење, особено во време на пандемиска криза.

„Зачувувањето на дијалогот и климата на заемна доверба, особено во овој контекст, е од најголема важност, особено меѓу земјите на патот кон пристапувањето во ЕУ“, рече Вархеји.

Европскиот комесар додава дека регулирањето на верските заедници е национална надлежност што треба да се направи на инклузивен начин и во согласност со релевантните меѓународни и европски стандарди за човекови права, особено со сите релевантни препораки на Венециската комисија.

„Проширувањето е процес заснован на заслуги. Темпото на преговори зависи од тоа колку брзо земјите го спроведуваат законодавството и од напредокот направен во реформите, особено во областа на владеењето на правото“, заклучи Вархеји.

Share
Scroll to Top