(Видео) „Амазон“ секоја недела уништува големи количини на лаптопи и телевизори

пред 3 години

„Амазон“ уништува голема количина на непродадена стока секоја година, што вклучува паметни телевизори и лаптопи, открила истрагата.

Снимката што се појави покажува голема количина отпад од само еден од 24-те дистрибутивни центри во Велика Британија. Производите се претежно неискористени и сортирани во кутии со назнака „уништи“, а станува збор за дронови, фенови за коса, слушалки, книги и слично.

Видеото го обезбеди еден од вработените, кој сакаше да остане анонимен и кој тврди дека работниците уништуваат околу 130.000 парчиња разна стока неделно.

„ Нема причина за уништување. Правосмукалки, лаптопи, таблети, спакувани маски … Околу 50 проценти од стоката не е отворена, додека другата половина е вратена стока во добра состојба. Вработените станаа рамнодушни на она што се бара од нив да го направат”, рече анонимниот извор.

Истрагата утврдила дека стотици илјади непродадени или вратени производи завршуваат секоја недела во „зоната на уништување“.

Причината за уништувањето е деловниот модел на „Амазон“. Многу трговци низ целиот свет ги чуваат своите производи во магацините на „Амазон“, но колку подолго траат, толку е поголема цената. На крајот ќе биде поевтино да се уништи.

Она што го прави „Амазон“ не е незаконско, а владата доби повици да интервенира според законот.

Организацијата „Гринпис“ наведува дека станува збор за непотребен отпад и дека ваквиот начин на отстранување стока е шокантен.

„Амазон“ соопшти дека нема да има уништување на стоки во иднина, а приоритет е препродажба, донирање и рециклирање на непродадени производи.

Share
Scroll to Top