(Видео) Гренел: Вистинската власт во САД е во рацете на Сузан Рајс

пред 3 години

Во реалноста, САД не ги води претседателот Бајден, па дури ни потпретседателката Камала Харис, изјави поранешниот шеф на американската Национална разузнавачка служба, Ричард Гренел.

Според него, целата власт е во рацете на Сузан Рајс, која е во администрацијата на чело на Советот за внатрешна политика на Белата куќа, пренесе „Спутник“.

Гренел рече дека Рајс е експерт за надворешна политика и не знае ништо за внатрешната политика, но тоа е јасен знак за тоа како ќе се третираат прашањата од надворешната политика во Вашингтон – исто како и прашањата од внатрешната политика, рече тој.

Затоа настана хаос на меѓународната сцена, тврди блискиот соработник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Рајс порано беше соработник на претседателот Барак Обама. Се очекуваше, според извештаите на медиумите, таа да биде назначена за државен секретар на САД.

Пред два дена повеќе од 120 пензионирани американски генерали потпишаа отворено писмо во кое го критикуваа американскиот претседател Џозеф Бајден.

Во писмото се вели дека нацијата е во длабока опасност.

„Менталната и физичката состојба на врховниот командант (вооружените сили на САД Џо Бајден) не може да се игнорираат. Тој мора да биде во можност брзо да донесе правилни одлуки во областа на националната безбедност, каде било, дење и ноќе”, велат авторите на писмото.

Share
Scroll to Top