(Видео) Делови од Франција и Велика Британија останаа без струја поради бурата „Бела“

пред 4 години

Бурата „Бела“, со ветрови од 170 километри на час и обилен дожд, денеска погоди делови на Велика Британија и Франција, предизвикувајќи нарушување на железничкиот сообраќај и прекини во електричната енергија.

Поплавите предизвикаа откажување и застој на возовите на југот на Англија, а главната железничка линија за Лондон беше блокирана од паднато дрво.

Во Велс, 21.000 домови на кратко останаа без електрична енергија. Дефектот е саниран, но околу 1.700 семејства се уште се без струја.

Илјадници домаќинства на северозападот на Франција останаа без струја, а невремето покрај силниот ветер и дожд, донесе и снег.

Налети на ветер и до 120 километри на час беа забележани и на брегот на Франција.

Повеќе од 6.000 куќи останаа без електрична енергија во Нормандија, а околу 4.000 во Бретања, објави електро операторот „Енедис“.

Share
Scroll to Top