Израелската војска објави дека со воени авиони го гаѓала домот на лидерот на Хамас во Газа.
Таа објави видео на кое се гледа голема експлозија, на која наводно се гледа уништувањето на куќата на Исмаил Ханија, пишува Си-ен-ен.
$bp(“Brid_00130645”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”1476924″,”autoplay”:0,”shared”:true});
Ханија веќе неколку години не е стациониран во Газа и од 2019 година живее на релација Катар – Турција. Тој со години е критикуван од многу Палестинци дека води удобен живот далеку од Газа, според „Тајмс оф Израел“. Пред победата на Хамас против Фатах на палестинските избори во 2006 година, Ханија не беше истакнат член на раководството на терористичката група. Но, по изборната победа, неговиот углед почна да расте, според медиумот.
Тој беше назначен за премиер на палестинската управа во Појасот Газа, а неговото богатство бргу порасна благодарение на контролата што тој и другите министри во владата на Хамас ја вршеа врз економијата во Газа и врз даноците што ги собираа на стоките увезени од Египет.
Текстот (Видео) Израелската армија објави видео: Ја уништивме куќата на шефот на Хамас е превземен од МАКФАКС.