На лидерот на опозициските лабуристи во Велика Британија, Кир Стармер, во паб му беше кажано дека ја изневерил земјата, затоа што не се спротивставил на политиката на владата за заклучување поради Ковид-19.
Стармер се скарал со сопственикот на пабот, Род Хамфрис, кој луто му наредил да го напушти објектот, објави Би-би-си.
Лидерот на лабуристите рекол дека длабоко не се согласува со Хамфрис, кој прво имал кошкање со обезбедувањето, а потоа му рекол: „Излезегувај од мојот паб“.
Стармер подоцна изјави дека никој не сака заклучување, но дека тоа е потребно.