Две лица загинаа, а осум се повредени во пукотница вечерва во центарот на Тел Авив, соопшти болницата.
Израелската амбуланта соопшти дека тоа се случило во улицата Дизенгоф, полна со луѓе на место каде има неколку барови и ресторани и на неколку други места околу центарот на градот.
Во соопштението на полицијата се наведува дека мотивот за пукањето е нејасен.
Портпаролот на полицијата Ели Леви изјави за израелската телевизија Канал 13 дека полицајците биле на местото на нападот. Тој апелираше до луѓето да се држат настрана од тоа место.
Израелскиот премиер Нафтали Бенет ја следи ситуацијата во штабот на израелската армија, кој исто така се наоѓа во централниот дел на Тел Авив, соопшти неговиот кабинет.
Израелските медиуми прво објавија дека, според непотврдени информации, напаѓачот е „неутрализиран“.
דיזנגוף פיגוע pic.twitter.com/nKozliYfEG
— סמי בן יהודה (@BilClitonRapist) April 7, 2022
Очевидец на пукањето изјавил дека луѓето се криеле под масите, дека некои почнале да плачат и дека е ужасно.
Полицијата подоцна предупреди дека лицето што пукало можеби се уште е во бегство и дека жителите треба да останат дома.
Тензиите се високи по серијата напади на палестинските напаѓачи во кои беа убиени 11 лица во пресрет на светиот муслимански месец Рамазан, што започна пред една недела, пренесуваат медиумите.
Според последните информации позадината на инцидентот останува нејасна.