Новата година пристигна и во Нов Зеланд, каде што на полноќ се одржа спектакуларен огномет. Извиците и аплаузите на граѓаните се слушаа низ целата земја. Илјадници луѓе излегоа на улиците во Окланд, а многумина од нив не носеа маски.
Сепак, за разлика од Нов Зеланд, поради пандемијата на коронавирус на многу места Новата година нема да биде добредојдена како во претходните години. Плоштадите ќе бидат напуштени, а многу земји воведоа полициски час, па луѓето ќе можат да гледаат огномет само од нивните прозорци.