Голем дел од станбена зграда се урна денеска во грузискиот град Батуми, објавија грузиската ТВ -станица „Фрст ченел“ и руската РТ.
Засега не е познат бројот на жртви и причините за несреќата.
Руската новинска агенција РИА објави дека се спасени најмалку три лица, меѓу кои и едно дете.
Видеата од местото на настанот покажуваат уништен дел од зградата со најмалку пет ката и голем број спасувачи.