(Видео) Стоилковски: Да се истражи дали Заеви имаат луксузни имоти во Дубаи вредни 14 милиони евра

пред 3 години

Едни од најчестите посетители на Дубаи се членовите на семејството Заеви, кои што објавуваат фотографии од луксузни апартмани и имоти, кажа на денешната прес-конференција, Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ, кој посочи дека од СДСМ и Владата нема коментар за имотите вредни 14 милиони евра на македонски државјани во Дубаи.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според партискиот портпарол, членови на најблиското семејство на Зоран и Вице Заеви, како и други членови на семејството Заеви постојано објавуваат фотографии од луксузните имоти во Дубаи.

„Дали имотите во кои што престојуваат членови на семејството Заеви се во посед на некој член со презиме Заев?

Ако овие имоти се во нивни раце, колку пари се купени и како тие пари се стекнати?

Зоран Заев, ти како поранешен премиер треба да одговориш пред јавноста дали лица од твоето семејство поседуваат имоти во Дубаи? Народот заслужува да знае.

Дополнително ги повикуваме финансиските институции во Македонија да ги истражат наводите на новинарите од Норвешка и да утврдат дали имотите вредни 14 милиони евра во Дубаи се стекнати со пари заработени со криминал и корупција“, нагласи Стоилковски.

Share
Scroll to Top