(Видео) Украински хеликоптери во низок лет по нападот на склаиште во Русија?

пред 3 години

Не стивнуваат реакциите за нападот на магацин во руски град во близина на украинската граница, за кој Русија ја обвини Украина.

Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, утрово посочи дека два украински хеликоптера погодиле складиште за гориво во градот Белгород, на околу четириесет километри од украинската граница.

Се појавија неколку снимки, а на една од нив наводно се гледаат украински хеликоптери ми-24 во низок лет по нападот на магацинот.

$bp(“Brid_48812097”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”984173″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Украина и натаму не ја презеде одговорноста за нападот.

Според руската новинска агенција РИА, во нападот биле запалени осум резервоари со гориво. Според последните информации нема повредени.

Очевидец, цитиран од „Ројтерс“, истакнал дека напладне по средноевропско време во Белгород се слушнале нови експлозии.

Share
Scroll to Top