Прес-конференцијата на француската претседателска кандидатка Марин Ле Пен во еден момент била прекината откако жена од публиката подигнала плакат со фотографија на Ле Пен и Путин во форма на срце, пренесува Ле Мод.
Станува збор за фотографија од средбата на Ле Пен и Путин од 2017 година во Париз за време на прес-конференцијата по повод претседателската кандидатура.
Une militante brandissant une photo de Marine Le Pen et de Vladimir Poutine exfiltrée de la conférence de presse pic.twitter.com/0wY6tM3Dmz
— BFMTV (@BFMTV) April 13, 2022
Обезбедувањето веднаш ја соборило жената на под и таа била исфрлена од салата во која Ле Пен зборувала за голем број актуелни теми.
Пред конференцијата во Париз, демонстрантите ја пречекаа Ле Пен пред зградата, извикувајќи дека „Путин е убиецот“ и дека „Ле Пен е соучесник на Путин“.
Противникот Емануел Макрон отсекогаш ја поддржувал политиката на Путин, толку многу што во Европскиот парламент ја нарекувале „Мадам Путин“.