(Видео+фото) Силно невреме го пустоши регионот: поплава во Белград, силниот ветер корнеше дрвја во Хрватска, оштетени згради во БиХ

(Видео+фото) Силно невреме го пустоши регионот: поплава во Белград, силниот ветер корнеше дрвја во Хрватска, оштетени згради во БиХ

пред 6 месеци

Невреме го зафати регионот – силните ветрови уриваа дрвја, згради и возила во Хрватска и во Босна и Херцеговина, а во Србија имаше вистинско невреме, пишуваат регионалните медиуми.

Многу силно невреме опустоши дел од Хрватска, поконкретно Славонија и областа Загреб, но и дел од Босна и Херцеговина.

$bp(“Brid_19858602”, {“id”:”26456″,”width”:”685″,”height”:”386″,”video”:”1692560″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Дожд, грмежи и дожд го погодија и главниот град на Босна и Херцеговина, а Тузла ја зафати силно невреме, јавува „Ослобоѓење“.

Многу бурно невреме утрово го зафати и Требиње. Причинета е голема материјална штета, јавува РТРС.
Од силниот ветер беа урнати голем број дрвја. Многу автомобили беа оштетени.

За неполни два часа наврнале 17 литри дожд на квадратен метар, а брзината на ветерот била 97 километри на час.

Што се однесува до Хрватска, лапавица, грмежи и врнежи придружени со град предизвикаа проблеми во Сисак, Винковци, Славонски Брод и Жупанија.

Најголеми штети се направени на подрачјето на Вуковарско-сремската жупанија, каде што е забележана штета на инфраструктурата, поплавени се дворови и крајбрежни површини. Силниот ветер корнеше дрвја, кои паднаа врз автомобили, пренесува „Кликс“.

Метеоролозите во Хрватска најавуваат дека денеска во поголем дел од земјата ќе продолжи нестабилното време.

Белград утрово е буквално под вода, со оглед на тоа што поради огромното количество дожд што наврна во текот на ноќта и утринава, реки течат на улиците, пишуваат тамошните медиуми.

Невремето најпрвин стигна до дел од Војводина, а најмногу беа погодени Нови Сад и Рума.

Дождот собори дрвја, а причинета е огромна штета на автомобили и возила.

Белградските медиуми пишуваат дека се работи за невидено невреме, кое за кратко време го зафати главниот град на Србија.

Бурата ја зафати и Словенија, според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина, најсилното невреме било во Доленска.

Градот направил најмногу проблеми, особено во сообраќајот. Возачите пријавиле скршени шофершајбни, пренесува N1.

Текстот (Видео+фото) Силно невреме го пустоши регионот: поплава во Белград, силниот ветер корнеше дрвја во Хрватска, оштетени згради во БиХ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top