Швајцарија воведе нова мерка – за влез во барови, ресторани и фитнес центри, граѓаните ќе мора да покажат ковид – потврда, со цел да се намали притисокот врз болниците во четвртиот бран на пандемијата.
Владата минатата недела ја одложи мерката, која првично требаше да биде на сила четири месеци, поради јавната расправа за тоа дали таа премногу задира во граѓанските слободи.
Но, бидејќи ситуацијата во болниците е лоша, владата одлучи да го спроведе планот порано.
„Ситуацијата останува нестабилна, со повеќе од 3.500 новозаразени“, рече министерот за здравство Ален Берсет.
Ковид – потврдата во Швајцарија е доказ за вакцинација, потврда за прележан коронавирус или негативен тест.
Угостителите ја критикуваа мерката, велејќи дека тоа ќе му наштети на бизнисот.