Во Србија речиси 3.500 новозаразени со коронавирус, 16 починати

пред 4 години

Во последните 24 часа  на коронавирус во Србија биле тестирани  вкупно 13.286 граѓани, од кои 3.469 биле новозаразени, а 16 пациенти починале.

Во моментов има 164 пациенти на апарати за дишење во болниците низ Србија.

Вчера биле тестирани 10.368 граѓани, од кои 2.809 биле новозаразени, а 14 пациенти починале.

Бројот на новоинфицирани лица е сè уште на високо ниво, така што сè повеќе се зборува за ново засилување на епидемиолошките мерки.

Инаку, според последните податоци, на Србија досега се дадени 1.436.682 дози вакцина против коронавирус, а 511.999 лица ја примиле втората доза на вакцината.

Денес во Србија пристигна нов контингент од 58.500 дози вакцина против коронавирус на „Фајзер – Бионтек“.

Share
Scroll to Top