Во Србија речиси 600.000 граѓани вакцинирани против коронавирус, а 47.665 ја примиле втората доза

пред 4 години

Досега во Србија се вакцинирани речиси 600.000 граѓани, поточно – 592.643.

Втората доза, според последниот пресек, ја примиле 47.665 граѓани на Србија.

Давањето на втората доза за оние кои ја примија првата на почетокот на масовната вакцинација во Србија започна вчера. По пристигнувањето во вториот круг на вакцинација, потребно е да се покаже СМС-пораката што се добива од е-владата, со закажаниот датум и терминот за вакцинација.

Share
Scroll to Top