Сто и десетгодишна жена во Турција го победи коронавирусот. Таа денеска е пуштена од болницата во градот Сакариа, каде се лекувала од Ковид-19.
Хамиде Ау, била тестирана позитивно на коронавирус откако нејзиниот син бил позитивен, а резултатот од тестот покажал дека и таа е позитивна.
Таа била сместена во болница, а по хоспитализацијата била успешно излекувана и денеска е пуштена дома, пренесе новинската агенција „Анадолија“.
Таа била испратена со аплауз од страна на медицинскиот персонал и особено му се заблагодарила на лекарскиот тим кој се грижел за нејзиното здравје.