Првиот пакет санкции на Европската унија против Русија поради признавањето на сепаратистичките територии во Украина ќе биде претставен попладнево во Париз, најавија претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.
Пакетот, како што се наведува, вклучува мерки против „оние кои се вклучени во незаконската одлука и банките кои ги финансираат руските војни и други операции на териториите на Доњецк и Луганск“.
Предложени се и мерки насочени кон способноста на руската држава и влада да пристапат до капиталот и финансиските пазари и услуги на ЕУ, мерки насочени кон трговијата меѓу двата сепаратистички региони и ЕУ.