Кинескиот претседател Си Џинпинг, кој одби да го осуди рускиот напад врз Украина, утре ќе одржи тричасовен виртуелен самит со официјални претставници, на кој ќе присуствува и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен. На почетокот на февруари, Кина и Русија објавија долга заедничка декларација во која се вели дека нивниот однос е „без граници“.
Европските лидери беа загрижени за она што го гледаа како манифест за редефинирање на меѓународниот поредок. Неколку недели подоцна, претседателот Путин ја нападна Украина. Западните власти сега веруваат дека Москва побарала од Пекинг воена и друга помош за да се олесни влијанието на санкциите.
Извори од ЕУ велат дека Фон дер Лајен ќе го охрабри Џинпинг да ги отфрли таквите руски барања и наместо тоа да ја искористи кинеската моќ за да ги прекине борбите. Но, кинескиот министер за надворешни работи оваа недела ја пофали Русија за, според него, спречување на хуманитарна криза од големи размери и инсистирање дека односите со Москва се движат во вистинската насока.
Официјални лица во Брисел не очекуваат некој значаен договор од виртуелните разговори, но се надеваат дека Кина ќе размисли да го одврати Путин од употреба на оружје за масовно уништување додека неговата војна продолжува.