Илјадници работници и студенти протестираа во Колумбија против социјалната и економската политика на претседателот Иван Дуке. Протестите се одржаа и покрај ограничувањата за контрола на ширењето на пандемијата на коронавирусот.
Демонстрантите мирно маршираа кон поголемите градови во земјата и се обидоа да ги исполнат барањата како што се употреба на маски за лице и одржување на дистанца, пренесува Ројтерс.
Барањата на демонстрантите вклучуваат подобрување на здравствената заштита и образованието, воспоставување основен приход за невработените и оние без пензија, како и помагање на малите бизниси, рече лидерот на синдикатот.
Во септември, по смртта на еден човек по негото апсење, предизвика бран протести во Богота во кои загинаа 13 лица.