Канада планира да ги испрати вооружените сили и Црвениот крст во провинцијата Онтарио, каде што треба да им помогнат на властите да се справат со огромниот број хоспитализации на ковид пациенти, изјави министерот за внатрешни работи на Канада, Бил Блер.
Во последните 24 часа во болниците во Онтарио се регистрирани 877 пациенти на оддели за интензивна нега, а според предвидувањата, тој број може да достигне 1.500 до почетокот на мај, пренесува Ројтерс.
Во провинцијата Алберта, каде е потврден најголемиот број случаи на ковид-19 во Канада, властите најавија дека денес ќе започнат да вакцинираат 15.000 работници вработени во месната индустрија.