Киргистан извести за 153 повредени лица во конфликтот со Таџикистан

пред 4 години

Бројот на киргистански граѓани повредени во граничниот конфликт со Таџикистан се искачи на 153, информираше заменик-министерот за здравство на земјата, Ализа Солтонбекова, на брифингот денеска, пренесува ТАСС.

„Вкупно 189 лица беа повредени, а од оваа бројка 36 починаа“, рече таа.

Според Солтонбекова, 100 повредени граѓани во моментов се на лекување во републичките болници. Претходно беше соопштено дека 150 лица се повредени.

Солтонбекова истакна дека 25 тони хуманитарна помош биле испратени во понеделникот во регионот Баткен, кој се граничи со Таџикистан.

Ситуацијата на границата меѓу Таџикистан и Киргистан во близина на објектот за водоснабдување „Головној“ ескалираше на 28 април откако почнаа судири меѓу жителите на пограничните области на двете земји.

На 29 април избија судири меѓу Киргистан и Таџикистан. Киргистан го обвини Таџикистан за употреба на минофрлачи, митралези и воени хеликоптери Ми-24. Вечерта на 29 април, страните се согласија на прекин на огнот и повлекување на трупите, но борбите продолжија периодично на одредени локации до 1 мај.

Во саботата, на состанокот на претставниците на владите на Таџикистан и Киргистан, страните се согласија да ја вратат воената опрема во местата на трајно распоредување.

Според Министерството за здравство на Киргистан, мнозинството убиени и повредени се цивили. За време на воените дејствија беа изгорени или оштетени повеќе од 100 згради. Вкупно околу 33.000 цивили беа евакуирани од зоната на конфликтот.

Share
Scroll to Top