Белорусија ќе биде со Русија во секоја ситуација, изјави денеска претседателот Александар Лукашенко за време на разговорите со неговиот руски колега Владимир Путин во космодромот Восточни во регионот Амур.
„ Можете да сметате на Белорусија. Знајте дека без разлика каква е ситуацијата, вие можете да сметате на нас, а Русите можат да сметаат на нас, ние секогаш ќе бидеме таму, без разлика како ќе се развива ситуацијата“, рече Лукашенко, пренесува ТАС.
„ Далечниот исток е далеку, но наш е. За разлика од сегашните републики, ние го зачувавме ова единство и решени сме да го зајакнеме“, додаде белорускиот претседател.