Маж (69) од Урошевац во вторникот вечерта го загуби животот откако наводно од косовска страна паднал во реката Морава, кај преминот Бела Земја кај селото Кончуљ, во општина Бујановац.
Портпаролот на полицијата, Исмет Хасани, изјави дека постои сомневање оти жртвата случајно паднала во реката.
„Според првите информации, починатиот заедно со синот и ќерката со автомобил заминал во правец на преминот Бела Земја. На паркинг во близина на преминот се доближил до реката, во која се претпоставува дека случајно паднал. Сите надлежни единици се информирани и се занимаваат со овој случај“, рече Хасани, пренесува приштинска „Коха“.
За случајот бил информиран државниот обвинител, кој наредил телото да биде испратено во Институтот за судска медицина, а околностите на случајот ги истражува регионалната полиција.
Текстот Маж во Бујановац се удави пред своите деца, падна во Морава е превземен од МАКФАКС.