Данска: Секој петти новозаразен го има новиот вид на вирусот

пред 3 години

Секое петто новозаразено лице во Данска кај кое е откриен вирусот во последната недела од јануари е заразено со новиот вид што беше откриен во Велика Британија, и затоа експертите тврдат дека карантинските мерки и натаму се неопходни во борбата против пандемијата.

Новиот вид, за кој официјалните лица во Данска веруваат дека може да биде позаразен и до 50%, се очекува да биде доминантен до средината на февруари, пренесува „Ројтерс“.

Во Данска досега се заразиле нешто повеќе од 200.000 луѓе, а пријавени се 2.200 смртни случаи како последица на Ковид-19.

Share
Scroll to Top