Францускиот претседател Емануел Макрон му рекол денеска на рускиот претседател Владимир Путин дека е подготвен да работи со меѓународните организации за да помогне во надминувањето на руското ембарго за извоз на храна од Украина преку Црното Море, соопшти Елисејската палата, пренесуваат светските агенции.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во соопштението се наведува дека Макрон во телефонски разговор повторил дека е неопходен прекин на огнот во Украина и дека му рекол на Путин дека е длабоко загрижен за ситуацијата во Донбас и Мариупол.
„Ја повикав Русија да ја преземе својата меѓународна одговорност како членка на Советот за безбедност на ОН и да стави крај на овој разорен напад“, рече Макрон, цитиран од „Ројтерс“.