Судот во Хонгконг денеска го осуди активистот и медиумски магнат Џими Лаи на 13 месеци затвор поради повикување на учество на минатогодишното забрането бдеење во спомен на жртвите од задушувањето на демонстрациите на плоштадот Тјенанмен во 1989 година.
Окружниот суд осуди уште седум лица за слични обвиненија и изрече казни до 14 месеци, пренесува агенцијата АП.
Властите обвинија повеќе од 20 продемократски политичари и активисти за минатогодишното бдеење во спомен на жртвите од смртоносниот судир во Пекинг во 1989 година.