Турски државјанин помина 16 месеци во постојан карантин откако постојано беше позитивен на коронавирусот.
Станува збор за Музафер Кајасан, пациент кој се лекува од леукемија, кој стана познат по тоа дека најдолго имал инфекција со Ковид-19, јавуваат локалните медиуми.
Причината што дури 85 пати бил позитивен на коронавирусот, според лекарите, е слабиот имунолошки систем.
За време на изолацијата немал никакви симптоми.
Бидејќи постојано бил позитивно тестиран, според важечките правила на Турција, тој не можел да излезе од карантин.






