Најбогатиот Украинец ќе и го предаде на државата медиумското царство

пред 2 години

Најбогатиот Украинец – Ринат Ахметов рече дека медиумското царство во целост ќе и го отстапи на државата во врска со закoнот за сузбивање на „преголемото влијание на олигарсите“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Оваа недела Украинската медиумска група ќе и ги отстапи на државата сите концесии на нашите телевизиски мрежи и печатени медиуми. Ја прекинуваме и работата на нашите интернет медиуми“ се наведува во соопштението на страницата на неговиот холдинг „СЦМ“.

55-годишникот вели дека таквата одлука доаѓа откако стапија на сила законите за „сузбивање на опасности за национална сигурност поврзана со преголемото влијание на олигарсите“ кој е донесен минатата година.

Украинската медиумска група ја сочинуваат десет телевизиски мрежи, пред се информативни, видео платформа и информативна мрежна станица.

Михајло Подољак, советникот на украинскиот претседател Зеленски ја поздрави на Твитер ваквата одлука.

Оваа одлука доаѓа откако ЕУ на Украина и одобри статус на земја кандидат за членка на Унијата.

Инаку богатството на Ринат Ахметов, Форбс го проценува на 4,2 милијарди долари.

Share
Scroll to Top