Најново истражување: Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ се најефикасни, а високо ефикасни се на „Џонсон и Џонсон“ и на „Астра зенека“

пред 4 години

Новото истражување во кое учествувале неколку милиони луѓе покажува дека водечките вакцини против коронавирус имаат многу висока ефикасност.

Мерките за ефикасност беа анализирани преку појава на симптоми на коронавирус по целосниот процес на вакцинација, односно по примањето на двете дози.

Најефикасна вакцина е „Фајзер“/„Бионтек“ со 95 проценти ефикасност. Коронавирус бил пријавен во само 5,00 проценти од случаите во рок од седум дена по примањето на двете дози вакцина на „Фајзер“, наведува „Економист.

Ефикасноста на „Модерна“ е 94 проценти – симптомите на коронавирус се забележани во само 6,00 проценти од случаите во рок од 14 дена по примањето на двете дози.

Ефективноста на вакцината на „Џонсон и Џонсон“ (која се дава само во една доза) е малку помала – 85 и 66 проценти. Така, 15 проценти од испитаниците покажале потешки симптоми на коронавирус во рок од 28 дена по вакцинацијата, а 34 проценти добиле поблаги форми.

На крај, „Астра зенека“: 18 проценти од испитаниците кои ги примиле двете дози со разлика од повеќе од 12 недели, добиле поблага форма на коронавирус во рок од 14 дена од приемот на втората доза. Од друга страна, бројот на новозаразени по втората доза е многу поголем кај испитаниците кои ги примале двете дози во интервал од 4 до 12 недели – 36 проценти од нив имале поблаги симптоми на коронавирус во рок од 14 дена по примањето на втората доза.

Share
Scroll to Top