Нова ерупција на Етна-Улиците и покривите на Катанија под пепел

пред 3 години

Поради дебелиот слој пепел што го испушта вулканот Етна, а кој во текот на ноќта се наталожил на улиците и покривите на куќите во Катанија и околните места, локалните власти го предупредија населението да биде внимателно, бидејќи улиците се лизгави и опасно е да се оди со автомобил и пеш, јавуваат агенциите.

Вулканот изби лава висока до илјада метри, а чадот и вулканскиот материјал се искачија во атмосферата на висина од 6,5 километри.

Цивилната заштита на Катанија, главниот град на регионот-остров Сицилија, ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови или да носат заштитни маски доколку се надвор, бидејќи пепелта што произлегува од последната вулканска ерупција е штетна за органите за дишење.

Поради пепелта, аеродромот во близина на градот Катанија беше затворен за кратко време.

Етна е најголемиот активен вулкан во Европа. Последната ерупција следеше само 48 часа по последната.

Share
Scroll to Top