Нови правила во Грција: Без бустер дозата, потврдата за вакцинација ќе важи седум месеци

пред 3 години

Тековните сертификати за вакцинација што ги издава грчката влада на граѓаните би можеле да траат до седум месеци доколку носителот на сертификатот не добие дополнителна доза, изјави денеска министерот за здравство Танос Плеврис.

Тој за ТВ Скај изјави дека одлуката е „речиси донесена“, додавајќи дека повеќе детали ќе бидат познати по Нова година.

Во моментов, лицата постари од 60 години се обврзани да ја примат вакцината, потсетува „Катимерини“.

Воедно, министерот рече дека Владата размислува да ја прошири задолжителната вакцинација за лицата постари од 50 години.

Share
Scroll to Top