Огромен пожар во рафинерија за нафта во Индонезија, евакуирани 950 лица

пред 4 години

Индонезиската државна нафтена компанија „Пертамина“ утрово објави дека се обидува да го контролира пожарот што избувна во нејзината рафинерија во Балонган и дека пет лица се повредени во пожарот, а околу 950 се евакуирани.

Пожарот започна синоќа по полноќ, објавија медиумите, а на социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледа како голем пламен ја зафаќа рафинеријата и се слуша експлозија.

Од „Пертамина“ велат дека пожарот во рафинеријата, кој може да преработува 125.000 барели на ден, се случил за време на лоши временски услови.

„Причината за пожарот е непозната, но имаше силен дожд и молња за време на инцидентот“, забележаа тие.

Портпарол на компанијата изјави дека петмина жители се лекуваат во болницата поради изгореници.

Државната компанија за нафта соопшти дека ја затвора рафинеријата и спроведува контрола на протокот на нафта за да се спречи понатамошно ширење.

Тие истакнаа дека снабдувањето со гориво не е нарушено поради пожарот.

Share
Scroll to Top