Папата Фрањо во петокот на традиционалната божиќна вечерна миса во базиликата Свети Петар во Рим ги повика верниците да бидат понизни и да се свртат кон малите, секојдневни работи.
Амбасадори и претставници на други христијански конфесии присуствуваа на мисата, која се одржа на повеќе јазици во присуство на повеќе од 200 свештеници, бискупи и кардинали, кои носеа и заштитни маски.
Десетици луѓе кои не добија билети ја следеа мисата од плоштадот Свети Петар на огромни екрани.
Папата повика на понизност и ги поттикна верниците да се свртат кон малите, секојдневни работи.
Да се откажеме од поплаките и алчноста кои не прават незадоволни“, рече папата Фрањо.
„Бог тргнува во потрага по пастири, по невидливото, ние го бараме видливото. Исус е роден да служи, а времето го поминуваме трчајќи за успех. Бог не бара сила и моќ, тој бара нежност и понизност“, додаде тој.
Папата повика и на „враќање на достоинството на работата на човекот бидејќи човекот е господар, а не роб на трудот“.
Ова е втора Божиќна миса во времето на Ковид. Минатата година на мисата можеа да присуствуваат само 200 луѓе.