По„делта-сојот“следи нова опасност „ламбда“, кој е позаразен и поотпорен, покажува најнова студија

пред 3 години

Според едно најново јапонско истражување „ламбда“ или најновиот вид на коронавирус не само што е позаразен, туку и поотпорен на антитела, со други зборови вакцините помалку можат да не заштитат од оваа варијанта на вирусот.

Иако првата „ламбда“ инфекција со коронавирусот е регистрирана во Перу пред една година, релативно малку се знае за тој мутант, пишува „Дојче веле“.

Затоа е важна најновата студија од Јапонија, според која протеинот „шип“ на видот „ламбда“ има три мутации кои се особено загрижувачки.

Кај една мутација проблемот е тоа што антителата се помалку способни да го неутрализираат вирусот.

Резултатите од јапонската студија може да објаснат зошто овој вид на коронавирус се шири толку брзо.

Досега, варијантата „ламбда“ е откриена во 30 земји, пред се во Јужна Америка, но индивидуални случаи се регистрирани и во Европа – Шпанија, Велика Британија, Италија и Германија.

Засега, Светската здравствена организација објави дека варијантата „ламбда“, се испитува но според јапонските научници, овој нов вид на коронавирус ги исполнува сите услови да биде прогласен за „загрижувачка варијанта“.

Сепак поголем дел од научниците сметаат дека засега, малку е веројатно дека „ламбда“ ќе го потисне „делта-сојот“ на коронавирус, кој во моментов доминира.

Иако ефикасноста на вакцините против коронавирус е нарушена од видот „делта“, се уште има релативно мал број на случаи на зараза кај луѓе вакцинирани со две дози.

Овие луѓе, секако, можат да ја пренесат инфекцијата на други луѓе, но кај повеќето вакцинирани се појавуваат поблаги симптоми.

Но, според научниците, лицата кои примиле две дози вакцина а припаѓаат на ризичната група, се значително повеќе загрозени од „делта-сојот“.

Тоа се постари луѓе, кои страдаат од рак или имаат трансплантација на орган.

Кај нив, овој вид на коронавирус може да предизвика тешка форма на болеста.

Затоа, најверојатно оваа група на луѓе ќе треба да ја прими третата доза од вакцината најдоцна на есен.

Share
Scroll to Top