Пожар во италијанската вила на телевизиски водител од Русија, на ѕидовите напишано „Убиец“ и „Стоп за војната“

пред 3 години

Пожар избувна во вила на рускиот телевизиски водител Владимир Соловлев на брегот на езерото Комо во северна Италија, соопштија пожарникарите.

Ѕидовите на неговата вила во близина на езерото биле исшарени, а црвената боја била фрлена во базенот, велат истражителите.

На ѕидовите е испишано „Убиец“ и „Стоп за војната“.

Вилите се дел од имотот во сопственост на Соловлев, кој италијанските власти го запленија како дел од санкциите против Русија поради инвазијата на Украина.

Полицијата го истражува пожарот за кој се сомнева дека е подметнат.

Share
Scroll to Top