Позната украинска актерка убиена во ракетен напад во Киев

пред 4 години

Украинската актерка Оксана Шветс е убиена во руски ракетен напад врз станбена зграда во Киев, јави „Младиот театар“.

Таа со децении работи во театар и филм, а нејзиниот талент и работа и донесоа една од највисоките украински награди, како што е „Почесен уметник на Украина“, што се доделува на најуспешните уметници во земјата – изјавија од „ Млад театар“.

– При ракетирање на станбена зграда во Киев, загина почесната уметничка на Украина Оксана Шветс – пишува во соопштението.

Share
Scroll to Top