Грција денеска воведе полициски час и забрани музика на два популарни туристички острови со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, изјави грчкиот заменик министер за цивилна заштита.
Најновите мерки се однесуваат на островот Закинтос во Јонското Море, каде што бројот на заразени лица се зголеми за 69 проценти во споредба со претходната недела, и за Ханија, град на западен Крит, каде што бројот на новозаразени лица се зголеми за 54 проценти.
Ограничувањата вклучуваат ноќен полициски час и целосна 24-часовна забрана за музика на сите забавни места.
Мерките ќе стапат на сила утре и ќе траат до 13 август, по препорака на комитетот на експерти за заразни болести, кој ја советуваше грчката влада, пренесуваат медиумите.