По синоќешниот силен земјотрес, тлото во Херцеговина се уште мирува, а жителите и локалните власти од раните утрински часови ја анализираат состојбата на терен.
Во Столац, во чија близина бил епицентарот на земјотресот, причинета е помала материјална штета на куќите, а најмногу се работи за оштетувања на фасадите.
U gotovo svakoj prostoriji Doma zdravlja u Ljubinju, popucali su zidovi. Strahuju od novog zemljotresa @N1infoSA pic.twitter.com/uSQurJ46Kk
— Adisa Imamović (@adisa_imamovic) April 23, 2022
Покрај материјалната штета на објектите, во земјотресот во Столац загина едно лице, додека неколку се здобиле со полесни повреди, пренесува Кликс.
На подрачјето на Мостар, припадниците на противпожарната служба имале само една интервенција, веднаш по земјотресот, кога се урнал оџакот.
Ekipa N1 je u Ljubinju nakon sinoćnjeg snažnog zemljotresa koji je pogodio BiH. Pogledajte šta smo zabilježili na terenu. pic.twitter.com/tVh8FsNPii
— TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) April 23, 2022
Одрони имало и на патиштата кои водат кон Херцеговина, особено на патиштата кон Столац и Невесиње. Одронот е на патните правци Столац – Мостар, Столац – Неум, Столац – Љубиње и Столац – Берковиќи.
Шефот на противпожарната служба во Чапљина, Мате Јурковиќ изјави дека пожарникарите од синоќа имале повеќе од 60 интервенции.
Kancelarija načelnika opštine Ljubinje @novabhtv pic.twitter.com/85mHPfcINT
— djurdjijana vujovic (@djvujovic) April 23, 2022
– Сите екипи се на терен и се санира она што може да се поправи. Оштетени се многу куќи и згради, паднаа оџаци. Оштетено е основното училиште во центарот на градот – изјави Јурковиќ.
Според локалните власти, членови на Штабот за вонредни ситуации го посетиле подрачјето на Невесиње, каде што не биле забележани оштетувања на станбени згради.
За разлика од Невесиње, во Љубиње е забележана поголема материјална штета. Оштетени се куќи, станбени згради, како и општинската зграда.
?Oštećenja u Domu zdravlja Stolac nakon snažnog zemljotresa ⤵️ #zemljotres #BREAKING #BosnaiHercegovina #dnevniavaz #Earthquake pic.twitter.com/m0c803wEhs
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) April 23, 2022
Земјотресот го почувствувале и жителите на Требиње, зад кои исто така е непроспиена ноќ.
Началникот на Штабот за вонредни ситуации на градот Требиње, Стеван Бекан за РТРС изјави дека повеќето од граѓаните цела ноќ ја поминале на нозе, но најважно е дека нема повредени.