Од кабинетот на премиерот на Хрватска потврдија дека Ана Маслаќ Пленковиќ (42), сопруга на премиерот Андреј Пленковиќ (51) ќе добие трето дете.
„Со оглед на големиот интерес на јавноста и медиумите, можеме да ја потврдиме денеска објавената информација дека премиерот Андреј Пленковиќ и неговата сопруга Ана Маслаќ-Пленковиќ по трет пат ќе станат родители“, се вели во соопштението на Кабинетот.
Пленковиќ и неговата сопруга имаат седумгодишно момче Марија и четиригодишно девојче Мила.
Во соопштението се наведува дека родителите со нетрпение го очекуваат доаѓањето на третото дете и дека сопругата на Пленковиќ се чувствува добро.
Пленковиќ е во брак со Ана Маслаќ од 2014 година.