Протест пред руската амбасада во Софија

пред 3 години

Десетици граѓани се собраа пред руската амбасада во Софија, незадоволни од одлуката на Москва да ги признае двете области во Украина.

Една од организаторите на протестот, пратеничката во бугарското собрание Цецка Бачкова од ДСБ, рече дека демонстрантите изразуваат апсолутна поддршка и солидарност за Украина.

„Демонстрантите изразија желба целата западна заедница да одговори на она што се случува со санкции и осуда на агресивната политика на Путин“, рече таа.

Протестот го обезбедуваше бугарската полиција.

Share
Scroll to Top