Русија прогласи за персона нон грата 18 членки на претставништвото на Европската унија во Москва, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Се наведува дека во догледно време треба да ја напуштат територијата на Руската Федерација, иако точниот рок не е наведен.
Во исто време, амбасадорот на ЕУ во Русија беше поканет во Министерството за надворешни работи за да му биде врачен протест против протерувањето на руските дипломати.