Расте бројот на загинати во Турција – почина дете извлечено од под урнатините

пред 3 години

Најмалку 35 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди турскиот град Измир, објавија турските власти. Две лица загинаа на грчкиот остров Самос.

Мајка со три деца беше спасена денеска од урнатините во кои беше заробена скоро 18 часа. За жал, едно од нејзините деца подоцна почина во болницата, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коца.

Детето е 37-ма жртва на земјотресот со јачина од 7 степени според американските сеизмолози.

Градоначалникот на Измир, Тунц Сојер рече дека уште околу 180 луѓе биле под урнатините.

Потресот во Измир уништи најмалку 20 згради.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во телевизиско обраќање рече дека 885 лица се повредени, од кои 15 критично.

Министерот за здравство изјави дека 243 лица се наоѓаат во болница, од кои осум се во критична состојба.

Властите поставија 300 шатори за бездомници, а на пат се уште 600 шатори.

Share
Scroll to Top