Русија предупредува: „Провокаторите во Црното Море ќе си добијат по носот“

пред 3 години

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека, провокаторите кои ќе продолжат да играат игри во Црното Море ќе си добијат по носот.

Во интервју за московскиот магазин „Меѓународен живот“, Рјабков рече дека Црното Море не е место каде се дозволени такви игри, пренесува ТАСС.

Зборувајќи за британскиот уништувач „Дифендер“, на кого, неодамна, според тврдењата на Москва, беа истрелани предупредувачки истрели откако бродот влезе во руски територијални води во близина на Крим, Рјабков оцени дека САД и Велика Британија се обидуваат да ѝ попуштат на Украина дури и во ситуација кога има опасност од конфликт.

Според него, Вашингтон и Лондон биле свесни за последиците и сериозноста на ваквите активности и ја разбрале реакцијата на Москва.

Share
Scroll to Top